Onyx Navision NET APP Restoran Апликацијата за ресторанско работење претставува интегриран апликативен пакет наменет за работа во големи и мали ресторани, кафеани, пицерии, коктел барови и други угостителски објекти. Апликацијата може да работи како посебен модул или заедно со модулот за хотелско работење, има можност за работа со неограничен број на артикли, ценовници, единечни мери и пакувања, овозможува преглед на редоследот на масите во боја според статусот на масата.
Главна цел при креирањето на овој продукт беше да се добие систем кој ќе биде лесно управлив, ќе ги опфаќа сите потребни податоци дефинирани со законот за продажба и фискализација, ќе биде брз, ефикасен и едноставен за користење.
Апликацијата за рестоанско работење се одликува со интуитивен и лесен за користење интерфејс концепиран за работа преку Touchscreen (но подеднакво лесно може да се работи и преку тастатура), напредни функции и различни можности на прилагодување.Графички приказ на распоредот на маси, оргнизирани менија, евиденција на различни начини на плаќање, печатење на посебни нарачки за шанк ,кујна или пицерија, можност за креирање на нарачки за испорака како и приказ на дневното работење гарантира прецизна и брза работа.
Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата
Креирање на категории и менија
Едноставно креирање на категории и менија со дефинирање на нормативи, цени, време на припрема на кој принтер ќе се печати (кујна шанк или пицерија.
Разни извештаии
Автоматско генерирање на разни извештаии како што се промет по менија, по келнери, по смени за зададен период со можност за печатење на обичен или термален принтер.
Додавање и подредување на маси
Моќност за креирање и подредување на маси за графички приказ при подредувањето според резолуцијата на екранот.
Одвоено печатење на нарачки
Одвоено печатење на различни принтери на нарачките за шанк, кујна и пицерија според типот на менито што е нарачано.
Дополнителни забелешки при нарачка
Дополнителни описи и означување на артикли(кафе – со топло/ладно млеко, нематено,со шлаг и слично) кое се печати при печатење на нарачката.
Повторување и раздвојување на нарачки
Повторно печатење како и раздвојување и печатење по гости на нарачката со одбирање на нарачаните менија за секој гостин
Зафатеност на Маси
Графички приказ на зафатеноста на масите во ресторанот со приказ на време и износ на нарачките за секоја маса.
Сите видови на наплати
Сите видови на наплати со можност комбинирање на начин на плаќање како на пример дел кеш дел на картичка.
Прилагоден за touch – screen
Прилагоден за touch – screen компјутери и мобилни уреди на Windows или Android платформа
Доделување на попусти
Можност доколку корисникот има привилегии да доли попуст во проценти или во износ на цела сметка.
Нарачки за испорака
Можност за креирање на нарачки за испорака со внесување на име, телефон, адреса и локација на коминтентот каде треба да се изврши испораката како и нивно запишување во база и пребарување при следна нарачка.
Преглед на Нарачки
Преглед на ресторански нарачки по разни филтри (тип на нарачка дали е од маса или за испорака, наплатена или не, во која смена, од кој ресторан е период на креирање, корисник кој ја креирал...)
Реализација на Нарачки
Можност на крај на ден или по потреба да се реализираат сите наплатени ресторански нарачки со што според зададен норматив ќе се намали залихата во зададениот магацин на материјалите.
Преместување на нарачки од маса на маса
Лесно пренесување на нарачки од една маса на друга
Начин на Лиценцирање
Начинот на лиценцирање (плаќање) на апликацијата е по корисничка лиценца (perpetual license). Се плаќа еднократно за количината на лиценци колку што Ви се потребни.
Следен чекор ?
Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: