Сервис
Информации околу сервисот


Почитувани корисници услугите за поддршка на нашите продукти  најчесто претставуваат  техничка поддршка или услуги за непречено користење на софтверот . Овие услуги се добиваат врз  база на склучени  договори за техничка поддршка или поддршка заснована на инциденти.. Услугите накчесто вклучуваат можности за далечинско решавање на проблемите, помош за инсталација и основна помош за употребливост. Услугите за далечинско решавање проблеми може да се испорачаат преку телефон или мрежни комуникациски медиуми (Team Viwer и сл.) .

Услуги за поддршка може да вклучуваат услуги за инсталација на нови производи, инсталирање и ажурирања на производите, миграција за понови верзии на софтверот, други видови на проактивни или реактивни услуги на лице место како поддршка за прилагодувње на апликацијата или сетирање на  мрежна инфраструктура . Дел од услугите кои се вклучени во договорот за одржување не се наплаќаат додека делот кој не е вклучен во договорот  како и услугите за корисници кои немаат договор за одржување се наплаќаат по важечкиот ценовник на Оникс Софтвер.

Застојот во работата на софтверот знае да да предизвика одредени  финансиските загуби како и застој во организацијата.

Бизнисот подразбира постојана потреба од поддршка, или со други зборови, услуги за професионално одржување, услуги кои Оникс Софтвер со задоволство ќе Ви ги овозможи.