Onyx Navision NET Modul Hotel Модулот за хотелско работење е интегрирано софтверско решение за управување и контрола на хотели, ланци на хотели и мотели. Модулот претставува комбинација на повеќе функционалности кои заедно градат решение кое што ги задоволува основните потреби на хотелите. Дел од функционалностите кои се вклучено во модулот се: резервација на соби, чекирање на гостите во хотелот, шифрарници за гости, соби, вработени и друго, генерирање на различни типови на извештаи, поврзување со фискален принтер и печатење на сметка, графички приказ на зафатеност на хотелот и др. модулот за хотели е погоден за различни типови на хотел, поддржува спецификација од дејноста и е доволно флексибилна и надградлив за прилагодување според стилот и принципот на работа на секој хотел.
Модулот за хотелско работење покрај основните функции како чување и манипулација со податоците за гостите, генерирање на извешатаи и централно управување со каналите на продажба, содржи и дополнителни функции кои ќе ви помогнат да ги оптимизирате и подобрите сите процеси. На пример, вашиот хотел може да има неколку извори на приход од различни објекти, како бар, ресторан, конференциска сала, спа објекти и фитнес, кои може да се управуваат и да им обезбедите на вашите менаџери на различните оддели целосен пристап до валидни информации во реално време. Бидете сигурни дека модулот е интуитивно лесен за прилагодување и употреба и нема да треба често да барате помош од техничка поддршка. Користете ги придобивките од модулот во целост, а не само за основните карактеристики.
Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата
Разни шифрарници
Корисничко дефинирање и ажурирање на шифрарници како што се Соби и типови на соби, Поглед на соба, опременост на соба, Услуги и ценовници, Статус Одржување на соба идр.
Повеќе хотели
Можност за водење на повеќе хотели од еден централизиран систем, следење на зафатеноста и искористеноста од едно централно место
Дефинирање на ценовници за соби
Дефинирање на ценовници за соби во зависнот од број на гости или слични параметри.
Внес и регистрација на гости
Внес и регистрација на гости со сите потребни информации како и печатење на ид карта на гостинот.
Резервација на соби
Еднозтавна резервација на соби од која со еден клик се креира прија за гостинот.
Поврзаност со ресторан
Поврзување на ресторанските сметки со хотелската соба и печатење детална сметка за гостин
Хотелски сметки
Креирање на хотелски сметки со автоматска пресметка нацената според бројот на гостите и бројот на ноќевања, додавање на дополнителни услуго како и брзо и едноставно внесување на сите гости во конкретна соба
Преглед на хотелски сметки
Преглед на хотелските сметки по разни филтри (статус на сметката (пријава или резервација), коминтент), период на креирање, корисник кој ја креирал, реализирани ...)
Графички приказ на зафатеност
Графички приказ (за избран временски период) за зафатени, резервирани и слободни соби во објектот.
Разни печатења
Печатење на хотелска сметка за гостин или коминтент на англиски или македонски, печатење на ваучери, печатење на хотелска карта со која гостинот ќе користи одредени услуги во склоп на хотелот......
Начин на Лиценцирање
Начинот на лиценцирање (плаќање) на модулот е по модул (perpetual license).
Се плаќа еднократно за модулот без разлика колку лиценци во компанијата го користат софтверот.
Следен чекор ?
Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: