Onyx Navision NET Modul Servis При креирање на овој модул, ние се водевме од потребите на увозниците, дилерите и сервисерите, чиј бизнис зависи целосно од процесите на продажба и од услугите за пост-продажба и процесите на одржување за продажната опрема и производи. Секоја трговска компанија, која вклучува какви било сериозни сервиси во својот бизнис, знае колку е тешко да се управува без систематско и ефикасно досие на сите услужни процеси и фази на работа. По преземањето на предметите за поправка, или рутинско одржување, исклучително е важно да се водат точни записи за сервисирање на опрема, залихи и делови за евиденција и да се продолжи со анализирање на зачестеноста на дефектите и случајната изведба на сервисерот.
Модулот за сервис е наменет за управување со сервиси во склоп на претпријатието и одговара на бизниси од сите големини во повеќе индустрии. Основните карактеристики вклучуваат управување со клиенти, прием на сервис, сервисирање, реализација и фактурирање, управување со залихи, следење на претходни сервиси за ист уред, реализација по сервисери и разни извештаии.
Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата
Работен налог за сервис
Лесно креирање на налог за сервис с внес на коминтент, контакт лице, опис на дефект опис на прилог, можност за доделување конкретен сервисер што ќе го работи налогот ...
Евидентирање на статуси
Можност за евидентирање на различни статуси на сервисниот налог како што се сервисиран, реализиран, подигнат ... со цел за полесно пребарување.
Историја на сервисирање
При креирање на налог за ист сериски број автоматски се прикажува историјата на сервисирање на уредот доколку ја има.
Разни печатења
Можност за различни печатења како што се прием на сервис во А5 формат или на 112 милиметарска хартија на термален принтер, печатење на налог за сервис и др.
Преглед на налози за сервис
Преглед на налозите за сервис по разни филтри (статус на налозгот, коминтент, сервисер, период на креирање, телефонски број, сериски број ...)
Испратници од Сервис
Преглед на сите испратници креирани од сервисни налози со можност на различно филтрирање како што се од датум до датум, сервисер, сериски број, контакт име и слично.
Книга на сервис
Преглед на сервисирани уреди по разни филтри како што се сервисер, датум од датум до, по сериски број, по контакт име ....
Преглед на гаранции
Лесна и едноставна проверка дали уредот е под гаранција со внесување на сериски број..
Начин на Лиценцирање
Начинот на лиценцирање (плаќање) на модулот е по модул (perpetual license).
Се плаќа еднократно за модулот без разлика колку лиценци во компанијата го користат софтверот.
Следен чекор ?
Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: