Product Logo

ONEE APP Mobile Store
Оваа Апликација е наменет за олеснување на работата на продавачите во Вашата продавница и има сè што им е потребно за брзо да дојдат до информации за артиклите што ги продаваат како што се дали има залиха од одреден артикал, достапен сорт (величини) доколку артиколот е со сорт, негова достапност во други Ваши продавници, цени, подетални информации, слика од продуктот и сл. Апликацијата е наменета за мобилни паметни уреди на андроид платформа чија цел е да ја направи продажбата на вашите производи поефикасна. Апликацијата е прилагодена кон димензиите на мобилниот уред така што работните форми се дизајнирани како би можеле да бидат што поедноставни и поинтуитивни за користење.

Апликацијата ONEE Mobile Store им овозможува на продавачите додека се во директна фаза на продажба со купувачот директно од својот паметен уред да ги имаат сите потребни информации за артиклот од достпни количини и величини, цени и детални описи без притоа да мораат да одат до работниот пулт како би им ги дале потребните информации на потенцијалните купувачи. Сите информации се во релано време без потреба од разни синхронизации со главната база на податоци со што дадените информации секогаш ќе бидат веродостојни и точни во дадениот момент.


Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата


Alternate Text

Лагер Листа

Целосана лагер листа на сите продукти од матичниот магацин со можност за пребарување на артиклите по дел од име. Приказот покрај името, лагерот цената содржи и слика од самиот артикал.

Alternate Text

Детален Опис

Со клик на копче покрај основните податоци може да добиете детален опис за конкретен артикал (детални технички карактеристики, специфични карактеристики за артиклот и сл)

Alternate Text

Пребарување на Артикал

Можност за пребарување на информации за конкретен артикал со внесување на шифра или баркод по што ќе се приказе само бараниот артикал со целосен ценовник (цени од цена 1 до цена 6) како и дополнителни информации како што се боја, состав, сорт и сл

Alternate Text

Преглед Дневен Промет

Листа по магацини/Продавници на дневен промет групиран по тип на наплата (готово, картичка или фактура). Пребарувањето може да го извршите за конкретна дата како и по корисник во системот кој го направил прометот. Прегледот на дневен промет може да го гледа само корисникот со поголеми привилегии во системот не и обичниот продавач.

Alternate Text

Достапност по Сорт

Со клик на копче можете да ја проверите достапноста на сортови / величини на одреден артикал доколку за истиот е одреден некој сорт.

Alternate Text

Достапност по магацини

Со клик на копче можете да ја проверите достапноста на одреден артикал и во другите Ваши магацини или продавници.

Alternate Text

Начин на Лиценцирање

Начинот на лиценцирање (плаќање) на апликацијата е по корисничка лиценца (perpetual license). Се плаќа еднократно за количината на лиценци колку што Ви се потребни.




Следен чекор ?

Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: