Product Logo

Onyx Navision NET Modul Osnovni Sredstva
Модулот за основни средства претставува апликативно, програмско решение кое им овозможува на корисниците евиденција и обработка на основните средства на претпријатието како и на ситниот инвентар . Исто така модулот овозможува приказ на средствата заедно со инвентарните броеви и на сите соодветни настани како набавка, амортизации продажба или расходување поврзани со нив преку соодветни картици на основни средства или ситен инвентар. Книжењата во главната книга се одвиваат автоматски со еден клик на амортизација директно во финансов налог по конта кои се утврдени(Внесени) при креирање на основните средства .

Модулот Основни средства овозможува и правење на попис на основни средства и ситен инвентар со автоматско печатење на одлуки за попис, Пописните листи, извештај од пописна комисија како и одлука за расход. и истите се вадат по потреба на службите со што се исполнува и законската обврска за усгладување на фактичката состојба. Пописот може да се направи во секое време, да се зачува и споредува. Во модулот за Основни Средства, при изготвувањето на пописот, после внесот на физичкиот попис, автоматски се прави документ за амортизација за раход на основни средства кои ги нема на пописот како и расходување на Кусок и Вишок на ситниот инвентар.


Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата


Alternate Text

Евиденција на Основни Средства

Можност за евиденција по инвентарен број и баркод, организациона единица локација, ..

Alternate Text

Евиденција на Ситен Инвентар

Можност за количинска евиденција по баркод, организациона единица локација, ..

Alternate Text

Печатење инвентарни броеви

Можност за печатење на инвентарни броеви на одбрани или сите ОС директно на термален принтер

Alternate Text

Пресметка на амортизација

Автоматска пресметка на амортизација годишна или месечна на основни средства по зададени критериуми

Alternate Text

Продажба и Расходување

Креирање документ за продажба или расходување со автоматска пресметка на амортизација до датум на продажба т.е расход.

Alternate Text

Ускладување на ОС во амортизации

Автоматски ускладување на основни средства во неускладени амортизации (амортизации во кои основното средство не е амортизирано а треба да е)

Alternate Text

Автоматско Книжење Амортизации

Автоматско книжење во финансов налог на амортизација по конта кои се утврдени(Внесени) при креирање на основните средства

Alternate Text

Расход на ситен инвентар

Расходување на ситен инвентар количински по деловни единици поединечно за конкретен ситен инвентар или збирно од попис за инвентар кои има разлики во количини по попис.

Alternate Text

Попис на Основни Средства

Правење на попис во секое време на основни средства со автоматско печатење на одлуки за попис, пописни листи, извештај од пописна комисија како и одлука за расход, по внес на физичкиот попис, автоматски се прави документ за амортизација и раход на ОС кои ги нема на пописот.

Alternate Text

Попис на ситен инвентар

Правење на попис во секое време на ситен инвентар со автоматско печатење на одлуки за попис, пописни листи, извештај од пописна комисија како и одлука за расход, по внес на физичкиот попис, автоматски се прави документ за расходување на Кусок и Вишок на ситниот инвентар.

Alternate Text

Разни прегледи

Целосен преглед на ОС со амортизација на ОС, предглед на отпишани средства, картици на основни средства и ситен инвентар и останати извештаи .

Alternate Text

Начин на Лиценцирање

Начинот на лиценцирање (плаќање) на модулот е по модул (perpetual license). Се плаќа еднократно за модулот без разлика колку лиценци во компанијата го користат софтверот.




Следен чекор ?

Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: