Onyx Navision NET Modul HR i Plati Onyx Navision HR е апликација за управување со човечки ресурси, кој е брз и пријатен за користење како за вработените и менаџерите. Претставува програмски пакет интегриран систем со два различни модули: Човечки ресурси и пресметка на плата.
Делот за персонална евиденција овозможува водење на евиденција на основните податоци за вработените во фирмата и тоа: презиме, име, татково име, датум и место на раѓање, пол, националност, место на живеење, вид на образование, вид на работно место, стаж во фирмата и многу други податоци кои се однесуваат на вработениот во фирмата. Самиот софтвер генерира голем број на извештаи кои произлегуваат од самите податоци за вработените во фирмата.
.Делот за плата овозможува пресметка на плата и тоа : пресметка на плата врз основа на параметрите дефинирани во фирмата (бодови, часови, стаж и.т.н), целосна пресметка на плата, пресметка на плата по делови, пресметка на персонален данок и придонеси, пресметка на боледување и евиденција на разни видови на одбитоци. Системот овозможува и автоматско генерирање на ПДДГИ образец платни списоци, исппплатни листи, список на боледувања и др.
Исплатите на плата е често најголемиот организациски трошок, така што управувањето и ефикасно користење на софтвер за човечки ресурси може да заштеди време и да ги избегне проблемите предизвикани од грешки. Апликацијата ги поедноставува вашите задачи поврзани со водење на човечки ресурси како и секојдневните задачи за пресметка на плати.
Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата
Боледувања на товар на фирма
Евидентирање на боледување кои се на товар на фирмата со што покасно влагаат во пресметката на плаата за конкретниот месец
Боледување на товар на фонд
Евидентирање на боледување кои се на товар на фондот со што покасно влагаат во пресметката на плаата за конкретниот месец
Годишни одмори
Креирање на годишни одмори за вработени со дефинирање дали станува збор за нов или стар одмор во денови времетраење на одморот од од како и нивно печатење
Годишни одмори Решенија
Креирање на решенија за годишни одмори за вработени со дефинирање дали станува збор за нов или стар одмор во денови како и нивно печатење
Евидентирање на Награди
Евидентирање на доделени награди на вработени како и можност за дефинирање на времетраењето (ако е за повеќе пресметковни месеци)
Евидентирање на Казни
Евидентирање на изречени казни на вработени како и можност за дефинирање на времетраењето (ако е за повеќе пресметковни месеци)
Автоматска пресметка на плата
Со само три клика целосна пресметка на платата (боледувања, награди казни, пријави, одјави, пријави, одјави..) за сите Ваши вработени
Автоматски ПДД-ГИ извештај
Со само еден клик автоматески се генерира ПДД-ГИ извештај како во печатена форма така и во фајл спремен за електронско пријавување.
Евидентирање на Одбитоци
Евидентирање на одбитоци на вработени како и можност за дефинирање на времетраењето (ако е за повеќе пресметковни месеци), тип на одбиток (Аванс, Алиментација...) име на исплатувач, сметка на исплатувач, можност да се стопира со само еден клик ...
Лесна конфигурација
Целосно може да се конфигурираат и додаваат нови параметри како и дефинирање на лимити за прогресивен данок од страна на корисниците и нема потреба од интервенција на програмери.
Евиденција на вработени
Целосна евиденција навработените, степен на образование, вкупен стаж, работна позиција ...
Печатење на документи по шаблон
Можност за креирање на шаблони за печатење на документи за вработените како што се потврда за работен однос, годишни одмори ...
Кориснички интерфејс
Едноставен Кориснички ориентиран интерфејс за работење
Фајл за МПИН
Со еден клик се генерира фајл спремен за импорт во МПИН
Начин на Лиценцирање
Начинот на лиценцирање (плаќање) на модулот е по модул (perpetual license).
Се плаќа еднократно за модулот без разлика колку лиценци во компанијата го користат софтверот.
Следен чекор ?
Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: