Onyx Navision NET Licenca Onyx Navision EE Enterprise е систем дизајниран за брзорастечки компании кои бараат стабилност, напредна функционалност и адаптибилност на системот. Широкиот спектар на функции го прави овој систем корисен за сите во компанијата,
од одделот за управување и продажба до сметководство и им овозможуваат на вашите луѓе да донесат важни деловни одлуки со поголема доверба.
Овие решенија ги автоматизираат и насочуваат финансиските, клиентските односи и процесите на синџирот на снабдување и продажба на начин што може да ви помогне за постгнување на деловниот успех.
Оникс Навизија ЕЕ редовно се прилагодува и ажурира за да одговари навремено на сите законски измени (платен список, данок на доход, ДДВ...).
Апликацијата е ажурирана и подготвена секој пат кога има измени во законите и регулативите, што значително влијае врз употребата на апликацијата.
Карактеристики
главните карактеристики со кој се одликува апликацијата
База на Податоци
Сигурна база на податоци поставена на MS SQL Server
платформа.
Заштита на податоци
Заштита на податоците со 256 bit - на SSL енкрипција
креирана внатрешно од MS SQL Server.
Достапност на податоци
Достапни податоци во секое време и на секое место преку
интернет конекција (VPN, DDNS provider, фиксна IP Адреса).
Увид во реално време
Увид на вашиот бизнис во реално време,
POS системот моментално комуницира со ERP системот.
Прилагодлив систем
Прилагодлив систем според Вашите потреби
благодарение на модуларната архитектура на истиот.
Централизиран менаџмент
Сите податоци и документи се наоѓаат во една заедничка база.
Артикли
Импорт од Excel за брзо внесување на артикли од увоз,
Групирање во три нивоа по групи подгрупи и подподгрупи
како и неограничен број партии, подршка на артикли со сорт
во 21 величина, 6 продажни ценовници, 1 слика, 6 веб слики
печатење на декларации, етикети и стендови. Ги подржува и
двата типа на артикли, производи и услуги
Барања и нарачки на купувачи
Прифатете ги нарачките од купуваччите директно или преку Вашето
е-commerce решение интегрирано со Оникс Нависион. Нарачката минува
низ следниот процес: се изготвува понуда, по прифаќање на понудата
автоматски со еден клик се изготвува испратница и фактура по што
артиклот е спремен за подигање или испорака
Категории на артикли
Артиклот може да припаѓа на одреден производител, група,
подгрупа и подподгрупа. Оваа хиерархиска логичка поделба
се применува при преглед на лагер, преглед на продажба
или при креирање на промоции или обновување на акции
(групни нивелации).
Нивелации на Артикли
Брзо и едноставно групно нивелирање на цените ( намалување или покачување) на артиклите преку разни филтри (можете да нивелирате цени само за одредена група ил производител ....) со што автоматски разликите во цени се пресликуваат и во нивелациска книга и во трговска книга
Автоматски законски евиденции
Автоматско генерирање на сите законски барани книги како што се се нивелациска книга, трговска книга, ДФИ книга, МЕТГ книга , Книга за сервисни услуги ...
Девизни Калкулации
Премсетајте ја набавната цена што ја увезувате со вклучени сите трошоци без да го чекате Вашиот сметководител брзо, лесно и пред се точно
Банкарски изводи
Опција со која можете да ги внесувате банкарските изводи и во секое време да ја следите состојбата на коминтентите и добавувачите како и да ја контролирате работата на Вашите книговодители
Електронска Архива
Сите важни документи можете да ги скенирате и сочувате во базата и потоа преку различни филтри лесно да ги најдете и испечатите или снимите како PDF формат без притоа да губите драгоцено време пребарувајќи по класери
Коминтенти
Креирање на Коминтенти во кој покрај основните податоци
може да се дефинира попуст во проценти или конкретен
ценовник со избор од 6-те продажни ценовници
Емаил известувања
Можност за испракање на известувања преку маил на повеќе коминтенти одеднаш како и креирање на шаблони според кои би се пратил маилот
Креирање Нарачки кон Добавувачи
Можност за креирање на нарчки кон Вашите добавувачи и нивен екпорт во ексел како би ви ги дефинирале цените и потоа импорт на истиот ексел со евентуално корегирани цени. По примање на нарачаната стока има можност за креирање на целосен или делумен прием директно од смата нарачка
Печатење на Декларации
Можност за печатење на декларации на артикли директно на термален принтер со одбирање на одредени артикли или одбирање на документ и печатење за сите артикли од документот со соодветни количини
Понуди и меилови
Креирајте понуда со податоци и слики во позадинската апликација.
Ипечатете ја заедно со профактура, или автоматски испратетеја по e-mail
директно на купувачот.
Менаџирање на програма за лојалност
Можност за издавање картичка за лојалност на клиентот со доделен попуст
како и следење на продажбата за истиот преку соодветни извештаии.
Префрлање на производи
Префрлање на производи од главен магацин во продавница или од
продавница во продавница со креирање на еден документ и еден клик.
Попусти и промоции
Доделете попуст на одреден коминтент, или на група на производи на
промоција при што автоматски се креираат нивелации за намалените
артикли.
Кориснички привилегии
Доделување на правила со специфични дозволи на корисниците за да бидете сигурни дека само овластениот персонал може да изврши специфични операции, лимитиран пристап на корисниците базирано на правила и по табови(менија) групи па дури и икони. Најавувањето е преку лозинка или пин код.
Прегледи за Сметководство
Специјално приготвени прегледи и печатење за во сметководство во кои што се сумирани и разложени по тарифни групи како и по производи и услуги сите битни податоци за секој книговодител да може лесно и точно да изврши книжење на истите како и да направи брза проверка на неговите со Вашите податоци
Фактурирање
Брзо и едноставно креирање на фактура од испратница со само еден клик како и праќање на фактурата на маил директно од програм со можност за електронски потпис со што би заштедиле на време и пари за разлика од праќање преку пошта и исто така би биле сигурни дека фактурата е добиена од страна на коминтентот
Следење на лагер
Голем број на извештаи кои помагаат за менаџирање на залихата, како и повеќе прегледи на лагер листа со можност за информации за достапност по други магацини со слика информации и достапни велични доколку артиклот има сорт, детален преглед на лагер листа со приказ на примени продадени и вратени количини.
Креирање на Акции
Можност за креирање на акции (попусти на одредена група на артикли во одреден временски период) т.е креирање на акции за во иднина како би можеле да се потготвите за истата при тоа ден претходно сите продавници и магацини ќе добијат автоматско известување на маил со листа на артикли на акција дека наредниот ден почнува некоја акција.
Попис
Брзо и едноставно креирање на попис на цел лагер или парцијален попис на количини и сериски броеви на лагер без притоа да мора да се прекинува со работа во објектот. Во комбинација со мобилната алатка ONEE Mobile Tools истиот ќе го направите за најкратко можно време и најважно точно.Со само клик на копче се прават сите потребни документи за средување на попишаните количини и сериски броеви
Типови на наплата
Типовите на наплата се креираат и означуваат при продажба (при креирање на испратница) со цел преку посебен преглед да имате евиденција од каде (од карго, од која банка...) колку средства да очекувате по основ на наплата со можност за менување на статусот на документот во наплатен со само еден клик.
Следење на Испорака
Можност за договарање на испорака со клиентите како и нејзино следење дали некој документ е со испорака кога е договорена испораката како и дали е испорачан или не е како и менување на статусот на документот од неиспорачан во испорачан со клик во самиот преглед.
Маѓумагацински нарачки
Можност за креирање на документ Меѓумагацинска Нарачка со кој одреден магацин (продавница) парави нарачка на стоки од дург магацин (најчесто главн магацин) за дополнување на лагер или за краен коминтент. Со креирање на документот не се влијае на лагерот на конкретниот магацин т.е со креирање на Нарачка артиклите не се одземаат ниту додаваат од лагер се до моментот на реализација на нарачката.
Менаџирање на Сериски Броеви
Можност за внесување на сериски броеви на Влез, Излез и Исорака, следење на лагер листа по сериски броеви како и генерирање на сопствени сериски броеви за артикли кои немат фабрички. Повеќе проверки со цел намалување на грешки при излез или испорака да се издаде грешен артикал.
Договори и Договори шаблони
Можност за креирање и лесно пребарување на веќе креирани договори како што се авторски договори, договори за закуп и сл.Можност за креирање на готови шаблони за договори кои се повторуваат и нивно повикување при креирање на нов договор со цел за побрзо креирање на истиот.
Маркетинг Известувања
Можност за креирање на база на потенцијални коминтенти како и испракање на известувања преку маил на повеќе потенцијални коминтенти одеднаш. Можност за креирање на шаблони според кои би се пражале маиловите како и можност за праќање на .eml формат на емаил.
Начин на Лиценцирање
Начинот на лиценцирање (плаќање) на апликацијата е по корисничка лиценца (perpetual license). Се плаќа еднократно за количината на лиценци колку што Ви се потребни.
Следен чекор ?
Доколку ви се допаѓа овој продукт и сакате да не исконтактирате за понуда, ве молиме одберете една од следните опции: