Знаеме колку е важно да спречите вашите чувствителни деловни информации да бидат изложени пред другите. Бидејќи OnyxNavision EE содржи куп чувствителни деловни податоци во врска со Вашето работење (податоци за човечки ресурси, Финансови податоци, Материјални податоци, разни архиви...) ограничувањето на корисниците во однос на привилигиите ќе Ви овозможи да ги зачувате повеќето доверливи деловни информации од тоа да бидат украдени или избришани. Со новиот начин на доделување привилегии ќе ги поставите улогите и дозволите на корисниците во своја рамка до ниво на тоа кое копче ќе може да го користи или не одреден корисник. Ова сигурно ќе го забрза целокупното работење на раководството и ќе ги елиминира шансите за појава на какви било несакани ситуации.


Сподели ја оваа новост